(…)

Истиот ден кога започна дводневниот состанок на мешаната експертска комисија во Скопје, во софиското собрание се случувала комисиска расправа за преименување на празникот 24 Мај, од Ден на словенската писменост, во ден на бугарската писменост.

Предлогот за ваквото преименување веќе беше изгласан на прво читање во бугарскиот парламент, а сега процедурата продолжува до негово целосно усвојување.

Суштината на цинизмот на овој чекор на бугарската политика е што овој празник на сесловенската писменост, во чест на денот кога браќата Кирил и Методиј ја започнале Моравската мисија во 863 година, од истата комисија е веќе договорен за заедничко чествување.

Стапицата за македонската страна е наместена така што на наредното (евентуално) заедничко чествување на Денот на светите Кирил и Методиј би се наметнало именувањето – ден на бугарската писменост…

(Нова Македонија)

SHARE