Пред 89 години и Ајнштајн ја поддржал слободата на Македонија

Во 1929 година 157 светски интелектуалци меѓу кои и нобеловецот Алберт Ајнштајн потпишале петиција и барале слобода и автономија за македонскиот народ.

На интелектуалците им бил даден прашалник (анкета) изготвен од весникот „Балканска федерација“ за ситуацијата со Македонците и Македонија, за разрешување на македонското прашање преку признавање на малцинските права на поробените и поделените балкански народи.

На анкетата одговориле 157 научници, политичари, општественици, интелектуалци, меѓу кои и Алберт Ајнштајн, кои дале поддршка на Македонците за извојување на своја слобода и автономија.

Коментарот од весникот:

“Трагичната судбина на македонскиот народ не повикува да се бориме за неговото ослободување зашто стенка под многу пострашно ропство од турското. Реакционерните владејачки режими сакаат да го асимилираат и уништат тој народ заедно со македонското прашање. Тамошните режими преку убиства и грабежи ги принудуваат Македонците да ги напуштат своите родни огништа и да бараат спас во масовно емигрирање. Оваа страшна трагедија се случува поради господарењето во сите балкански земји на една бесна реакција, на страшен и бел терор”.