Пред МОБ повторно натпис „Македонска опера и балет“ (ФОТО)

Само еден ден по бришењето на „Македонска“ од натписот над главниот влез на културната установа досега позната како Македонска опера и балет изворното име повторно осамна пред објектот.

Станува збор за графит на ѕидот од лифтот за подземната катна гаража со името на институцијата од основањето во 1947 година до преименувањето во мај годинава од Владата на Зоран Заев во Национална опера и балет.

SHARE