Предизвик за заменичката на Чулев: Случај “Фризерница” со директорката на УЈП

Директорката на УЈП која поради контакт со заболениот Мухамед Зекири е во изолација денеска ги демантираше информациите на социјалните мрежи дека додека е во карантин била во фризерница.

„Не е вистина дека сум го напуштила својот дом додека сум во изолација за да одам во фризерски салон. Фотографиите коишто ги шират како “поткрепа” на оваа лага, се од 31 август 2019 година. Јавноста треба да знае дека согласно протоколите, постојано сум под полициски надзор, како лице во изолација”, се вели во реакцијата за сликата на која Лукаревска седи во Фризерница.

За случаен ваков случај пред еден месец во кој на видео се гледа како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски излегува од
“теретана” дополнителната министерка за внатрешни работи од СДСМ Славјанка Петровска започна истрага со вештачење на видео надзор кој беше одземен од фирмата каде што вежбал Мицкоски.

Иако и тој тврдеше дека снимките се стари Петровска се уште води истрага за случајот.

Дали сега Петровска како и за Мицкоски ќе нареди истрага и влез во фризерскиот салон за да ги заплени снимките за да се докаже невиноста на Сања Лукаревска?

SHARE