НАТО ја губи воената предност во однос на Русија и поради тоа е покренато редефинирање на стратегијата на Алијансата, изјави шефот на американските оружени сили, генерал Џозеф Данфорд.

Според официјалното соопштение на Министерството за одбрана на САД, тој рекол дека Русија станала огромна воена закана откако Москва направила многу за подобрувањето на своите одбранбени способности.

Сега предноста што ја имаше НАТО е стопена, додал генералот, порачувајќи дека новата стратегија на северноатлантскиот воен сојуз треба да се заврши што побрзо.

На ова реплицира членот на Комитетот за одбрана при Советот на Руска Федерација, Франц Клинцевич, кој изјавата на Данфорд ја нарече манипулативна.

„Зборовите на американскиот генерал претставуваат манипулација, бидејќи Русија нема ни ресурси ни сили за да воспоставува контрола во други територии“, појасни тој.

Единствено за што Данфорд е во право, додава Клинцевич, е дека Русија во технолошка смисла ги крена своите воени можности на нивото на кое се наоѓа НАТО.

„Во последните 10-15 години руските оружени сили драстично се изменија, оружјето е модернизирано и се појавија нови технологии. Тоа е вистина“, додаде тој.

SHARE