Прекината седницата за распуштање на Собранието, на СДСМ и ДУИ не им се брза за закажување избори

Спикерот на парламентот Талат Џафери ја прекина 137 седница на Собранието откако координаторите на пратеничките групи побараа пратениците да расправаат за точки од 131 седница во кои се зборува за агенцијата за медиуми и за инспекторатот за контрола на употребата на албанскиот јазик.

Откако Џафери неочекувано ја прекина седницата со точка која воопшто не беше планирана пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

Предходно по двојното гласање за законот за јавно обвинителство опозицијата најави дека во пленарната сала ќе се врати единствено за распуштање на Собранието.

По одложувањето на расправата на оваа тема тие си заминаа од салата.

SHARE