Прекината седницата, на Заев му недостигаат два гласа за уставните измени

Спикерот ја прекина седницата на Собранието на која требаше да се расправа за промена на уставот.

Талат Џафери закажа седницата да продолжи утре во 13 часот.

Претходно премиерот Зоран Заев елаборираше зошто пратениците треба да гласаат за промена на уставот и името на државата.

Според неофицијални информации власта нема двотретинско мнозинство откако двајца пратеници на БЕСА одбија да гласаат ако Заев од еден дел на уставот не го избрише зборот Македонци.

SHARE