Преку Приштина Заев заминал на одмор во Германија

Премиерот Заев една недела ќе биде отсутен од Македонија, ќе користел зимски одмор.

Тој вчера на аеродромот во Приштина, каде чекал лет за Германија се сретнал со косовскиот премиер Рамуш Харадинај по што продолжил на одмор на повеќе европски локации.

Од Владата за Фокус потврдуваат дека Заев оваа недела нема да биде во Македонија.

Од таму додаваат дека дел од одморот ќе го помине во Германија, во приватен аранжман, а дел на други локации.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.