Премиери од ЕУ нè именуваат Македонија, без Северна

Холандскиот премиер Марк Руте дури четири пати едноподруго рече Македонија, без географската одредница Северна, во последната дебата за претстојните европски избори во земјата на лалињата.

Тој го истакна придонесот на Македонија во бегалската криза во 2015 година, нагласувајќи дека токму македонската ограда на границата со Грција го запрела бранот мигранти, а не унгарската.

И бугарскиот премиер Бојко Борисов го именува соседот само како Македонија, и тоа пред грчкиот колега Алексис Ципрас, на стартот од изградбата на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји во Кирково.

„Во моментов треба да се подготват магистралите и кој сака да го транспортира гасот дали во Србија, во Македонија, дали ќе помине низ Солун, преку Бугарија за Романија, а може и за Украина да оди“, изјави Борисов.

SHARE