Премиерката на Шкотска против новиот договор за Брекзит

Членовите на шкотската национална партија нема да гласаат за излез на Велика Британија од Европската унија во која било форма, вели премиерката на Шкотска, Никола Старџен.

„Шкотска не гласаше за Брегсит во која било форма и претставниците на шкотската национална партија нема да гласаат за Брегзит во која било форма“, додаде таа.

Премиерката и претходно најавуваше дека нема да ги прифати плановите на премиерот Борис Џонсон за напуштање на ЕУ.

Таа потсети дека шкотските гласачи на референдумот во 2016 година избраа Велика Британија да остане во ЕУ.

Старџен повтори дека ќе се обиде да одржи нов референдум за независност на Шкотска следната година.

SHARE