Официјалниот профил на англиската фудбалска Премиерлига на Твитер потсети на голот на колото од македонскиот напаѓач Ѓорѓи Христов од 4 април 1998 година.

Станува збор за израмнувачкиот погодок на популарниот Џорџи за Барнсли против Лидс, чиј член е актуелниот македонски репрезентативец Езгјан Алиоски.

Христов играше за Барнсли од 1997 до 2000 година и во тој период на 45 натпревари постигна осум гола, сите во дебитантската сезона, за во следните две да пропушти многу средби поради проблемите со коленото.

Битолчанецот е втор стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија со 16 погодоци на 48 меча од 1995 до 2005 година.

SHARE