Премиерот добива поголема надлежност над тајните служби

УБК излегува од составот на Министерството за внатрешни работи и како дел од реформите на безбедносно-разузнавачкиот систем ќе се трансформира во Агенција за национална безбедност.

Текстот на предлог-законот за идната Агенција за национална безбедност бил утврден на вчерашната владина седница.

Со измените поголема улога добива и претседателот на владата.

Тој, според предлогот, ќе го предлага директорот на новата Агенција, а исто така ќе ја води и координацијата на националната разузнавачка заедница, во која ќе разменуваат информации сите три тајни служби – новата агенција, агенцијата за разузнавање и военото разузнавање.

Од владата сметаат дека реформите се по европски терк и ќе спречат злоупотреби на службата која секогаш беше посочувана како креатор на македонските политички кризи.

SHARE