Премиерот Курти го призна косовското знаме

Иако секогаш при јавни настапи и при давање интервјуа секогаш стоа го правел со албанското национално знаме покрај себе, новиот косовски премиер, Албин Курти, се чини дека ја смени оваа навика.

Во последното интервју за „Гласот на Америка“, во просторијата било истакнато знамето на Косово.

Медиуми постестуваат дека Албин Курти беше познат како политичар кој често потенцирал дека не ги признава косовските симболи, туку само албанското знаме.

За време на средбите со некои странски амбасадори на лидерот на „Самоопределување“ и до пред некој ден опозиционер, ова се сметаше за своевиден дипломатски скандал.