Премиерот Мускат му одговори на Рашковски за изјавата:”Малтежаните се измамници”

Премиерот на Малта Џозеф Мускат му одговори на генералниот секретар на македонската влада Драги Рашковски кој во “бомбата” за МНАВ вели дека Малтежаните се измамници.

Според медиумите на Малта Мускат му одговара на Рашковски по неговиот коментар во разговор со шефот на македонската воздушна контрола во кои вели дека Малта ги искористила дупките во Европските закони за јавни набавки за да заштеди пари.

“Ги отфрлам во најсилна можна смисла обвинувањата (Од Рашковски) дека Малтежаните се измамници”, изјави утринава премиерот на Малта, Џозеф Мускат.

Во одговорот до Рашковски Мускат со доза на иронија вклучува и локални теми. Тој вели дека Малтежаните можеби навистина се измамници но ако се споредат со жителите на островот Гоцо тогаш се невини како јагниња.

Мускат на Рашковски му порачува дека ако навистина сака да види вистински измамници треба да изнајми фарма во Гоцо и од таму да земе такси до терминалот за фериброд.

Причината за реакцијата на Мускат

,,Генсекот” на Заев договара спорен тендер вреден 7 милиони евра (АУДИО+ТРАНСКРИПТ)

SHARE