Српската премиерка  Ана Брнабиќ и нејзината партнерка   Милица Ѓуриќ, за време на дводневната посета на Луксембург беа угостени од премиерот Гзавија Бетел и неговиот сопруг.

 Ана Брнабиќ на Твитер сподели фотографии од заедничката средба и прошетката каде премиерите беа заедно со нивните партнери.

Премиерката на Србија е во дводневна посета на Луксембург, за време на која таа ќе се сретне со највисоките претставници на земјата и ќе учествува на економскиот форум Србија и Луксембург. (Б92)

SHARE