Премиерот не сака да биде претседател

Премиерот Зоран Заев е дециден дека нема да се кандидира за претседател на државата и препорача да се се зборува за други кандидати.

„Мандатот на претседателот истекува на 12 мај и како што е и утврдено, Македонија ќе има нов претседател. Согласно тоа, да бидеме позитивно фокусирани на успешни и демократски избори кои навистина ќе го изберат првиот човек на државата, претседателот на Македонија“, рече премиерот.

Спикерот на парламентот Талат Џафери најави на 2 или 3 февруари да го закаже датумот за претседателски избори.

 Актуелниот претседател Ѓорге Иванов кој го завршува вториот мандат нема право да учествува.

Според последната анкета на Телма премиерот Зоран Заев би добил поддршка од 12,4% доколку би се кандидирал за претседател, 8,2% се изјасниле  за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  како и за министерот за надворешни работи Никола Димитров. За Стево Пендаровски би гласале 6,8% од испитаниците, 5%  за Бујар Османи, а за Имер Селмани, кој веќе еднаш учќествуваше во претседатѕелска трка – 5,8% од испитаниците.

SHARE