Премиерот Заев денеска ќе сведочи за прислушкувањето

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се очекува да сведочи премиерот Зоран Заев за прислушувањето и „бомбите“ во предметот „Таргет-Тврдина“.

Претходно, во овој случај веќе сведочеше неговиот советник и поранешен разузнавач, Зоран Верушевски, и двајцата „свиркачи“ од УБК, Ѓорги Лазаревски и Ѕвонско Костовски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, а сега е во рацете на редовното, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

SHARE