Премиерот Зоран Заев во интервју за телевизијата Н1 од Сараево откри дека за 70 проценти од македонските граѓани договорот од Преспа е добро решение!

„Сега правиме наши истражувања. Дури и кога прашуваме: ‘Дали сте излегле на референдумот’, 67 отсто велат дека излегле, а излегоа 37 отсто. Добро ли е решението, конечно, 70 отсто. Што значи тоа? Тоа значи дека луѓето ги следат своите лидери. Затоа што договорот е транспарентен. Сите ги знаат деталите. Дебатата беше континуирана и сите знаат дека е фер и праведно“, изјави Заев.

На „југословенски есперанто“, како што го опиша јазикот на кој одговараше на прашањата, тој ја бранеше одредницата „северна“ во името на државата со „контрааргументот“: „Другата опција беше демек да ја нападнеме Грција и тоа да го освоиме. Како би го направиле тоа – со камења? Во 21. век? Кој уште го прави тоа на европскиот континент? Грција го прифати нашето право на самоизјаснување“.

На Бошњаците, пак, за кои констатира дека „сме ист народ, имаме ист менталитет“, им порача дека „тој што е мнозинство, мора да покаже великодушност и почитување на малцинството“, за да го даде примерот со Таљат Џафери: „Претседателот на Парламентот во Македонија е Албанец. Што ѝ недостига на Македонија? Ако е добар да работи за секој народ, не ме интересира дали е Македонец, Албанец, Бошњак, Србин или Ром. Нека биде добар, нека биде човек, нека им биде добар на сите“.

Целото интервју на Заев за емисијата „Пресинг“ на Н1: