Лидерот на „Независни Грци“ кој денеска најави повлекување на партијата од коалициската влада напремиерот Алексис Ципрас смета дека „преспанскиот“ е само прелиминарен договор, без потпис од пртседател..

„Сега грчкиот парламент е повикан да ратификува еден прелиминарен договор, бидејќи конкретниот договр не е ништо друго освен прелиминарен договор и секако различен од оној до кој стигнаа, кое што ја прекршува содржината на самиот Договор од Преспа, бидејќи од страна на Скопје не е завршена уставната обврска од претседателот на земјата. Тоа е непотпишан текст, рече Каменос и објасни дека договорот е противуставен бидејќи министерот за надворешни работи немал право со негова согласност да отстапи национален суверенитет.

На прашањата на дописничката на МИА од Атина, која е неговта проценка дали Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент, Каменос не даде јасен одговор, додека во однос на тоа дали Независни Грци би го поддржале протоколот за наше членство во НАТО, кусо и категорично одговори „не”.

SHARE

Оставете коментар