Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во Белград дека е многу важно за Србија договорот од Преспа да се спроведе, бидејќи тоа би значело дека Северна Македонија станува еден вид на мост помеѓу Србија и Грција.

“Тоа би значело дека тука веќе нема да има ѕид, во регионална смисла тоа би било дополнително зближување на меѓу Белград и Атина и меѓу двата народа”, рече Вучиќ на заедничката прес конференција со Алексис Ципрас.

„Без намерада се мешаме во внатрешните прашања, само укажавме дека ова е пат што Србија го поддржува“, рече Вучиќ.

Српскиот престедател најави трилатерален состанок во Белград – Скопје – Атина, доколку се биде завршено како што треба со преспанскиот.

Ципрас се согласи со оценките на Вучиќ, дека  Договорот за Преспа ќе им помогне на Србија и Грција е повеќе поврзан, како и дека меѓу двете земји веќе нема да има „ѕид“.

„Имаме договор по 30 години со соседната земја(…) и не е претерување да се каже дека Република Македонија претставуваше сива зона меѓу нас“, рече Ципрас.

Тој рече дека ќе има повеќе деловни активности во сите три земји.

„На овој начин ќе им овозможиме на граѓаните и на материјалните добра да се движат побрзо од Солун до Скопје и Белград.

Целта е да направиме договор со Србија и Северна Македонија за забрзување на процесот на создавање коридор кој железнички ќе ги поврзува Солун. Скопје Белград до Будимпешта “, рече Ципрас.

SHARE