Грчката заедница во Австралија реагира на понудата на тамошната онлајн-продавница „Питерс оф Кенсингтон“, која нуди престилка со сонцето од Кутлеш и со натписи „Не ми треба рецепт, јас сум Македонец“ на англиски јазик и „Пријатно јадење“ на македонски.

„Ако стават на листата производ што го навредува Израел, целата еврејска заедница ќе им се струполеше како тон тули. Исто ако ја навредеа ЛГБТИ-заедницата. Ние, грчката заедница, треба да бидеме исто толку будни и исто толку подготвени да преземеме заедничка акција против компаниите што се подготвени да ги испровоцираат, разгорат или загрозат нашите хеленистички интереси“, пишува читател до весникот на грчката дијаспора на петтиот континент „Неос космос“.