Со победата од 1:0 над Кејлор Парк, Престон Македонија две кола пред крајот ги обезбеди титулата во Прва државна лига Север-Запад на Викторија и пласманот во Премиерлига 2 на оваа австралиска држава, а фудбалерите тоа урнебесно го прославија на теренот.

Престон Македонија, официјално Престон лајонс, кој се очекува наскоро да си го врати оригиналното име од основањето во 1947 година откако Австралиска фудбалска федерација ја повлече забраната за етнички имиња на клубовите, во следната сезона ќе игра во третиот ранг на натпреварување на петтиот континент.

Најпопуларниот фудбалски колектив кај Македонците во Австралија, со седиште во Престон, северно предградие на Мелбурн, 13 сезони настапуваше во елитната австралиска конкуренција, а во 1987 година беше вицешампион.

SHARE