Пресврт: Сиљановска го презеде водството пред Пендаровски

Гордана Сиљановска е во водство а Македонија се движи во погрешна насока, покажува последната анкетата на „МАРКЕТ ВИЖН“, спроведена по барање на Пресингтв.мк.

По неколкуте ТВ дебати на претседателските кандидати дојде до смена на листата на најпопуларен кандидат.

На една недела пред одржувањето од првиот круг на претседателските избори, резултатите од анкетата покажуваат дека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Гордана Силјановска Давкова би гласасале 18,6%, а за заедничкиот канидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски би гласале 18 %. За кандидатот поддржан од БЕСА и Алијанса за Албанците би гласале 8,4 %.

Голем процент од анкетираните 28,7 % се изјасниле дека се уште не знаат за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат. 26,3 % одговориле дека нема да гласаат или дека не знаат дали ќе гласаат.

На прашањето: Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале – 14,2 % одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 13 % за СДСМ, за Алијанса за Албанците 3,1%, за ДУИ 2,8%, за БЕСА 1,2%. Повторно голем е бројот на оние кои не знаат 23,5 % и кои не сакле да откријат 23,7 %.

73,7% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат на изборите, а 15,6% рекле дека нема да излезат на денот на гласањето.

48,7% од испитаниците сметаат дека државата во овој момент се движи во лоша насока, а 39,1% се изјасниле дека се движи во добра насока.

54,2 % не веруваат дека со претседателските избори може да се смени на подобро, а 32% се изјасниле дека може.

Испитувањето на јавното мислење покажува дека Гордана Силјановска Давкова има поголема поддршка кај Македонците. 17,8% од испитаниците од македонска националност рекле дека ќе го дадат гласот за канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а 12 % за Стево Пендаровски. 2,5% од испитаниците од албанска националност се изјасниле дека ќе гласаат за Стево Пендаровски, а 7,5% за Блерим Река.

Анкетата покажува и дека голем број од младите испитаници ја поддржуваат Гордана Силјановска Давкова. Од анкетираните на возраст од 19 до 29 години податоците покажуваат дека 3,4% би гласале за Гордана Силјановска Давкова, 1,9% за Стево Пендаровски и 1,3% за Блерим Река.

Анкетирањето е спроведено на 14 и 15 април 2019 година со помош на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер, на примерок од 668 испитаници (статистичка грешка: 10% (+-5%); интервал на доверба: 99%.

Примерокот е репрезентативен според регион, пол и возраст. Во однос на националност, на барање на Пресинг ТВ е изработено сценарио во кое процентот на албанско население изнесува 22% пресметан како просек од податоците од Пописот на население од 2002 година (25%) и податоци пренесени во некои медиуми за проценка на албанското население во Македонија (18%).

SHARE

6 Коментари

  1. Според изјавите на професорот по меѓународното право на Белградскиот Универзитет д-р Игор Јанев член на Њујоршката академија на науките и експертот на ООН за меѓународното право дадени за Српските медиуми, во вториот круг убедлива победа ќе однесе кандидатот на СДСМ проф. Стево Пендаровски. Бојкотот на изборите, според проф. Јанев нема никакви шанси да успее. Професорот по меѓународното право и дипломатија д-р Игор Јанев е член на академскиот совет на ООН и врвен познавач на Балканските, Европските и Евро-атлантските политички односи и посебно состојбата во Србија и Македонија.

    • ИСПРАВКА ВО ТЕКСТОТ (налогот беше хакиран) !
      Според изјавите на професорот по меѓународното право на Белградскиот Универзитет д-р Игор Јанев член на Њујоршката академија на науките и експертот на ООН за меѓународното право дадени за Српските медиуми, во вториот круг убедлива победа ќе однесе кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Гордана Сиљановска. Бојкотот на изборите, според проф. Јанев нема никакви шанси да успее. Професорот по меѓународното право и дипломатија д-р Игор Јанев е член на академскиот совет на ООН и врвен познавач на Балканските, Европските и Евро-атлантските политички односи и посебно состојбата во Србија и Македонија.

Comments are closed.