Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти парламентот


На седницата на Изршниот комитет, синоќа, било одлучено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не го напушта Собранието, на 3 дена пред да биде распуштен парламентот како што објави спикерот Талат Џафери.

„Интерес на граѓаните е правна држава, почитување на законите, уставот и спречување на оваа политичка агресија на власта, преку носење на закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви. Избори на 12 Април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата, беше заклучено на седницата на ИК“, соопштуваат од партијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно изјави дека не гледа причина за натамошно учество на пратеничката група во Собранието откако се отстапи од договорот парламентот да се распушти на 12 февруари – 60 дена пред изборите на 12 април.

SHARE