МВР врши претрес во домот на Катица Јанева

Телевизијата Канал 5 тврди дека во моментов полицијата врши претсрес во домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева денеска си поднесе оставка од функцијата, која како што вели, ќе стане активна кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон и ќе го изберат нејзиниот наследник.

Дел од медиумите тврдат дека оставката и сега претресот во домот на Катица Јанева е во врска со апсењето на Боки 13 за рекет на бизнисмен.

SHARE