Претседателот Иванов веќе гласал, од САД прати абер дали ќе излезе на 30/09

Претседателот Ѓорге Иванов вчеравечер по македонско време во Детроит, САД, откри што ќе прави на денот на референдумот на 30 септември.

Шефот на државата на настан на Обединетата македонска дијаспора изјавил дека нема да излезе да гласа на референдумот на кој треба да се менува името на земјата што ја води.

Иванов вели дека тој веќе гласал за независна Република Македонија со свое име и достоинство на 8 септември 1991 година и дека нема намера сега повторно да гласа.

На настанот Иванов ја добил наградата Глобален државник.

Иванов од завчера е во посета на САД каде што има средби со македонските иселеници а на 27 септември ќе има говор во Генералното Собрание на ОН.

Предходно според информациите од неговиот кабинет беше наведено дека Иванов на 30 септември нема да биде во Македонија.