Претседателот на УЕФА изненаден од Македонија: Супер ми е што се пласираа на ЕП

Александар Чеферин, претседател на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) со пофални зборови за фудбалската репрезентација на Македонија во интервју за српски „Информер“.

„Северна Македонија ме изненади. Добра екипа се, добро водена и супер ми е што се пласираа на ЕП. Една мала земја, која нема добра економска ситуација, доби можност да се промовира. Ретко нешто може да го обедини народот во една држава како што тоа го можат спортските успеси“, изјави Словенецот на чело на европската куќа на фудбалот.

ФОТО: Александар Чеферин (лево) со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

SHARE