Превртен автобус, катастрофа на патот Тетово – Скопје

Засега не е познато колкумина се загинати или повредени во сообраќајниот инцидент што попладнево се случил во близина на бензиската 7 браќа од десната страна на патот Тетово – Скопје.

Очевидци не исклучуваат дека има повеќе загинати и тешко повредени затоа што целата горна платформа на автобусот е уништена.

Инцидентот според очевидци се случил откако возачот на автобусот од засега непознати причини се префрлил на спротивната лента притоа кршејќи ги банкините во близина на населено место по месноста Карпалак.

Кон местото на инцидентот во моментов се движат бројни полициски и амбулантни возила а први на помош притекнале локално население и возачи.

SHARE