Превртен автомобил во Скопје (ФОТО)

Во сообраќајна незгода што се случила попладнево во населбата Автокоманда во Скопје едно лице е повредено откако се превртело возилото во кое патувало.

Сцената која се случила во близина на хотелот Континентал наликувала на акционен филм.

Возилото најпрвин поради неприлагодена брзина удрило во банкина а веднаш потоа се превртело поради што на булеварот Александар Македонски дојде до прекин на сообраќајот.

SHARE

Оставете Коментар