Придобивките од вежбањето во процесот на стареење

Пишува за Expres.com Тодор Досевски – Персонален тренер

Активни и витални и по осумдесетата

Работејќи како фитнес инструктор на интернационалните крузери често имав фитнес консултации со луѓе постари од 80 години кои имаат најразлични фитнес цели, сакаат да живеат квалитетно, да бидат активни, да имаат рамен стомак, повеќе енергија итн.

Сето тоа беше на мое големо чудење бидејќи, кај нас во Македонија, ситуацијата е малку поинаква кога си 80+. Огромна е разликата кај постарите луѓе кои имале активен живот и оние кои немале. Од тука потребата да се обратам во однос на тоа.

За многу од нас во овој момент од животот, нашето физичко здравје во најголемиот дел, е во ред. Сепак, фактот што посакуваме да го смениме, но не може, е тоа што стареењето започнува веднаш при раѓањето и вклучува доживотна серија на промени во физиолошките и перформансните способности.

Овие способности се зголемуваат како функција на процесот на раст во текот на адолесценцијата, врвот се достигнува некаде на возраст помеѓу 18 и 30 години, а потоа постепено се намалува со зголемување на возраста.

Како да се спречи стареењето?

Во повеќето случаи, по 30 годишна возраст, квалитетите како што се мускулната издржливост, флексибилноста, координација и силата почнуваат да се намалуваат. Понатаму како што старееме, опоравокот од вежбање бара подолг временски период. Редовната физичка активност, сепак, има тенденција да го одложи и во некои случаи го спречува појавувањето на одредени дегенеративни процеси.

Никој не сака да се замисли како ќе изгледа стар, но на кратко замислете си…. како се видовте? Како „активни” играјќи си со внуците и ги правите работите што ги сакате… или како седите пред телевизорот со полна кесичка апчиња до вас и се жалите како до пред 5 години можевте да го правите ова и она… ама сега не.

Добрата вест е дека никогаш не е премногу доцна за да направите позитивна промена во вашиот стил на живеење.
Почнете да инвестирате во себе, почнете да вежбате од денеска, не заборавајте телото памти!

За контакт и консултација со Тодор Досевски следете го на ; Personalen Trener – Todor Dosevski, тел:078 447 742

SHARE