Обвинителот Бурим Рустеми, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше дека „пријател на Катица Јанева купил стан што бил дел од имотот на фирма од истрага на СЈО“.

Поранешната шефива на СЈО, според сведокот, наредила да се замрзне целиот имот на осомничениот бизнимен Томе Главчев во слиучајот „Македонска пошта, но не и станот кој го купил пријателот.

Рустеми рече дека по неколку месеци, во разговор со колешката и обвинителка Лиле Стефанова, дознал дека поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, кој беше и член на Советот на јавни обвинители, го купил станот.

„Оваа информација не беше пријатна за мене“, рече Рустеми пред Судот.

SHARE