Утре, 24 април, во просторот „Булевар на книгите“ на издавачката куќа „Матица Ексклузив“ во центарот на Скопје, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на третото издание на новелата „Ласа“ на авторката Наташа Димитриевска Кривошеевa.

Книжевното дело „Ласа“, кое првично излезе во 2010 година, овој пат е збогатено со куса рецензија, како предговор на сега веќе покојниот академик Ташко Георгиевски, што на ова трето издание му додава посебен шарм и вредност. Книгата е надополнета со уште еден дел кој најмногу наликува на божиќен и велигденски бележник за уште грст нежни и емотивни спомени, а во неа се поместени и некои од највпечатливите и најзначајни оценки, белешки и коментари на читателите за „Ласа“.

„Ласа“ е исклучително емотивна, вистинска приказна од почеток до крај. Во суштина, претставува своевиден прирачник за односот мајка-ќерка, кој, во третото издание, ќерката (авторка на книгата) уште повеќе го продлабочува, па така емотивната исповед добива нова димензија и на делото му додава сензибилизирана перспектива на разбирање на две мајки.
Во оваа насока, во предговорот академик Георгиевски пишува: „Потресна исповед и на мајката и на ќерката. Имаме подолга новела, која со уште еден напор може да се претвори во кус роман. …Исповедта на мајката е добра и премногу трагична и на крајот е испреварена од смртта… “Поводот за реиздание на „Ласа“ е 10-годишнината од смртта на мајка ми. Секако, околностите се менуваат, но приказната е иста. Книгата, всушност, ја напиша мајка ми Ласа, а мојата улога е да ја раширам приказната. Јас сум само хроничар на фактите.“ – говори на оваа тема авторката Наташа Димитриевска Кривошеева.

И контекстот во чии рамки се одвива приказната изобилува со факти и хроники за едно време од пред 60-тина години па сѐ до 2010 година, опфаќајќи ги годините на домско живеење на децата- бегалци од Граѓанската војна во Грција како предодредница на нивните животни судбини.

Наташа Димитриевска Кривошеева, освен на „Ласа“, автор е и на уште две книжевни изданија – кусите романи „Девојко мала“ и „Пинокио и вештерката“. 

Цитат од „Ласа“

Два-три дена по закопот на мајка ми ја средував нејзината соба. Не оти беше во неред или имаше потреба да се среди, туку очајнички се трудев да почуватвувам малку душа, миг на живот во нејзините предмети, облеката постелнината, албумите и книгите што и беа особено верен придружник.
Бадијала!
Ништо од тоа!?
Само болката стануваше поинтензивна. И тогаш преместувајќи ги од лево на десно и обратно сите предмети што и таа ги дпирала до пред некој ден, копајќи по незиниот живот сега откако ја нема (не оти имав поважни работи во животот па никогаш не стигнував да и се посветам доволно), најдов две тетратки А4 формат.
На обвивката на едната пишуваше да се прочита по мојата смрт!
Занемев.“

По неколку дена откако ја прочитав седнав на тастатурата и напишав наслов:
Мајка ми остана во Будимпешта!
Таму всушност јас ја запознав Ласа! Кога се вративме дома таа повторно беше мојата мајка!? А јас копнеев по Ласа, за по десет години да копнеам по двете!?
Мојот ракопис излезе од печат година дена по смрта на мајка ми.
Академик Ташко Георгиевски, за мене чичко Ташко и даде наслов ЛАСА..
Првото издание на Ласа го поделив на сите што на свој начин ја познаваа.
Второто издание го промовиравме како семејна приказна во живо!
Десет години подоцна бидна и третото издание на Ласа.
Приказната е иста. Таа не се менува, оти е вистинска.
Сменета е корицата, а книгата е дополнета со рецензијата на чичко Ташко, моите обраќања до неа во овие десет години, и коментарите на тие што ја читаа Ласа.
Околностите се менуваат, но приказната е иста.
Мојата улога на оваа промоција е да ја промовирам книгата што всушност ја напиша мајка ми Ласа. Јас сум само хроничар на фактите.
Желба ми е оваа книга да се чита оти во еден од коментарите една моја другарка од детство напиша: Прирачник за мајка и ќерка!

SHARE

1 Коментар

  1. ” Bilo je TO jednom , u Zemli Seljaka na Brdovitom Balkanu – Umrla je Cheta Djaka u Istome Danu = 7 000 Deca ……. ! Ali Zivotot teche …… !!!

Comments are closed.