Еден административен работник  во фабриката за автомобилски делови „Гентерм“ во Прилеп  е позитивен на КОВИД 19,  поради што од понеделник оваа компанија со околу 1.900  рабоници ќе биде времено затворена.

Работникот бил во близок контакт со лице позитивно на коронавирус.

Во понеделникот беше  затворена  и една  прилепска фабрика за конфекција со околу 200 вработени една текстилна работничка била заразена од вирусот.

Во меѓувреме, Инфективното одделение во прилепската болница  останува без лекар, откако еден инфектолог е меѓу новозабоените од КОВИД 19,  а  другиот е во самоизолација.

Во Прилеп заклучно со вчера има  22 заболени, од нив тројца се здравствени работници, а во самоизлоација засега се 134 лица, јави „Телма“.

SHARE