Принцот Хари и војвоткатата Меган добија син

Војводата и војвотката од Сасекс станаа родители, откако утрово им се роди син.

Меган и Хари добија машко бебе, јави Гардијан, повикувајќи се на извори од Бекингемската палата. Најмладиот припадник на британската кралска фамилија е седми по ред на тронот и осми правнук на кралицата Елизабета.

Принцот Хари бил присутен на раѓањето, кое се случило денеска, во 5.26 часот.

SHARE