Притисоци врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и состанок со пратеничката група за попладнево закажал лидерот Христијан Мицкоски, поради „жестоки притисоци за обезбедување мнозинство за гласање на уставните измени“, пренесува „Независен“.

„Се гази демократијата и Заев, по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните тргнал кон промена на името“ велат од ВМРО-ДПМНЕ за Независен“.

Мицкоски за Дојче веле  изјави дека ВМРО-ДПМНЕ останува на претходно кажаните ставови и не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името.

Тој вели дека за него лично „е неприфатливо таквото пазарџиско однесување, особено не преку медиуми, за така чувствителни прашања“.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар