Притвор за гостиварскиот наставник-педофил

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишниот наставник во основно училиште во селото Чегране, кој на 29 јануари во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, па го прегрнал и бакнувал.

Според Гостиварското основно јавно обвинителство наставникот извршил полови дејствија врз ученичката на возраст од 9 години – ја допирал и ја бакнувал и со мобилниот телефон направил заедничка фотографија со девојчето.

Наставникот го пријавил родител на девојчето, по што тој бил уапсен и изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

SHARE