Приватните стоматолози најавија протест, не можат да обезбедат ни минималец


Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина на 6 ноември од 12 часот најавува протест пред Министерството за здравство под мотото  „Да ја вратиме насмевката на стоматолозите“,

Тие се жалат на неиздржливата финансиска ситуација и немање слух од институциите за нејзино решавање.

Од Здружението велат дека лошата ситуација ги довело „до работ на егзистенција огромен број на стоматолошки тимови коишто не се во можност да поминат ниту минимални плати од по 12.000 ден.

SHARE