Приведен Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарки

Поранешниот вработен во Централен регистар, Емил Јакимовски, денеска е приведен од полицијата.

„Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој во изминатиот период се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, за што беше и пријавен.

Јакимовски се заканувал и на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.


SHARE