Пробата на “Националната платформа” пропадна: „Системот е паднат“

Националната платформа преку која учениците треба да се поврзат за да следат настава падна на тестот.

Учениците низ цела Македонија денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап до неа.

Неочекувано единствената порака која учениците, родителите и наставниците ја добиваат е: Системот е паднат, не можеме да се логираме!

Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

“Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата” , објави „Слободен печат“.

Министерството за образование ги информираше родителите освен интернет приклучок компјутерот на секое дете треба да биде минимум седма генерација i3 процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалетен AMD процесор, минимум 4 GB RAM меморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024 х 768 резолуција, минимум 128 MB графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows 10, уредот да има USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера, а исто така треба да има звучници и микрофон

Според пазарните цени тоа значи најмалку меѓу 15.000 и 20 илјади денари за настава за едно дете.

SHARE