Продадените политичари нема да го обесчестат дедо Крсто (ФОТО)

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов потсетува на голготата на неговиот дедо Крсто кој е роден во Егејска Македонија како Македонец а кој сега владата на Заев со Преспанскиот договор го прогласува за Грк.

“Нема да дозволам сеќавањето за дедо ми Крсто да биде обесчестено од продадени, предавнички политичари”, пишува еден од најактивните членови на дијаспората на Македонците во светот кој ги користи хаштазите #НашетоИмеЕМакедонија #Македонија.

Крсто Николов е роден како Македонец во Османлиското царство а останал Македонец под грчка окупација, пишува на неговата илустрирана фотографија што ја објавува неговиот внук.

SHARE