Продавајте го мерцедесот се смрзнаа пациентите

Пациентите на итната помош во Кочани се најзаинтересирани за ветувањето на премиерот Заев дека ќе го продаде мерцедесот од 600 илјади евра поради кој Груевски беше осуден на 2 години, и со парите ќе се набават амбулантни возила.

Една од причините е и ова амбулантно возило кое што нема задно ветробранско стакло и затоа е покриено со најлони.

Извори во локалните здравствени институции во Кочани велат дека бил направен обид за набавка на задна шофершајбна но од производителите им било кажано дека поради застареност на возилото веќе не се произведуваат такви стакла.

Продажбата на мерцедесот во кој се возат сите странски високи гости како Меркел и Курц останува единствена надеж на пациентите во Кочани и пошироко дека при обидот да се спасат од срцев или мозочен удар нема да добијат пневмонија во студеното амбулантско возило.

На некои од пациентите кои се возеле во возилото обложено со најлон со децении им одбивале од плата за здравствено осигурување.

SHARE

Оставете Коментар