Продолжува резилот во ЗНМ, Михајлоски ја обвини Чаусидис за спинување

Продолжуваат реакциите по контраверзниот избор на новиот лидер на Здружението на новинарите.

Откако вчера членот на верификационата комисија Горан Трпеноски објави дека Младен Чадиковски не освоил доволно гласови за да биде избран за претседател денеска во одбрана на Чадиковски се јави екс претседателката на Синдикатот на новинари Тамара Чаусидис која ги броела гласовите.

Таа тврди дека се било регуларно и Чадиковски е легитимен претседател на ЗНМ.

“Да нема недоразбирање околу гласањето на ЗНМ. Вкупно гласале 169 члена, толку ливчиња имаше за броење. За Младен 86, за Столе 77, а шест ливчиња беа неважечки. Сите документи се во ЗНМ кој не верува нека провери. Три члена имаше комисијата, заедно броевме – по два пати”, тврди Чаусидис.

Но новинарот и уредник на Канал 5 Гоце Михајлоски тврди дека Чаусидис спинува затоа што не кажува дека е потребно мнозинство од сите присутни новинари.

“Спин на денот, а демек се бориме со лажните вести. Не е важно колку гласале, важно е колку биле ПРИСУТНИ. Статутот бара “мнозинство од присутните”, а не од тие што гласале. Срамота до каде може да се оди за некаква си функција во невладина организација, па затоа не се чудете до каде се оди за “вистинска” власт”, вели Михајлоски кому не мубе јасно зошто некој толку би се борел за позиција во невладина организација.

Се повтори 27 април и на собранието на ЗНМ, Чадиковски избран нелегитимно

SHARE

1 Коментар

  1. ЕВЕ И СО ВАКВИ РАБОТИ СЕ ПОКАЖУВА КОЛКУ МНОГУ РОГОВИ ИМА И ВО САМОТО ЗНМ КОЕ ГО УНИШТИ МАН, И СЕГА НЕКА ИМ Е ЗА АРНО НА СИТЕ НОВИНАРИ, ОСОБЕНО КОГА ЌЕ ПОЧНАТ ОТПУШТАЊАТА ВО МЕДИУМИТЕ. ТОА Е СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ТАКВИТЕ НЕЗАВИСНИ НОВИНАРИ. РИЗАОВ И ЧОМО ВЕЌЕ СЕКОЈА ВЕЧЕР ГО СОНУВААТ ГРУЕВСКИ, НОЌНА МОРА ИМ Е ОДАМНА, ДУРИ И ВО СОНОТ,ПОСЛЕ СОНОТ ЈА ЗАДАВУВААТ НИВНАТА СОПРУГА. КАКВА ТЕШКА ЛАКРДИЈА ОД ТАКВИ ПЛАТЕНИ НОВИНАРИ СО ГРЧКИ И СРПСКИ ПАРИ КАКО ..ГОЛЕМИТЕ.. РИЗАОВ И ЧОМО?????

Comments are closed.