Проф. Љоровски Вамваковски: Апологија на еден отпишан

Пишува Проф. д-р Димитар Љоровски Вамваковски

Најпрво за насловот. Зошто Апологија?

Едно од неколкуте значења на овој збор е текст за одбрана на нешто. Всушност во овој контекст се однесува за одбрана основното човеково достоинство, на личност, на која, без никакво суштинско образложение, му е забрането слободното движење во една соседна држава во времетраење од девет (9) години (најпрвин од 2012 до 2018 година, а потоа и од 2018 до 2021 година).

Зошто отпишан?

Затоа што после шест (6) години македонската држава се’ уште не преземала ниту еден вистински чекор да му ги заштити правата на еден свој државјанин, иако за тоа е обврзана. Државата преку своите надлежни институции е должна да се грижи за своите граѓани, да не ги дели по никаква основа (етничка, религиозна, партиска, фамилијарна, итн.), бидејќи силата на државата се гледа во решавањето на проблемите на поединецот, затоа што тие (поединците) се во основата на нејзиното постоење.

Оттука, ако институциите не ги почитуваат поединците, тогаш не може да бараат истите да ја почитуваат државата. Време е некој во државата сериозно да размисли за основните вредности на кои се заснова едно општество.
Во продолжение само еден дел од избликот на „тишината“ на отпишаниот.

(фејсбук статуси)

11 July 2014 · Bitola ·
Официјално! Persona non grata во Грција со забрана за влез до 2018 година

10 September 2014 · Skopje
Поминаа точно два месеци и се’ уште нема одговор…

31 July 2018
Последен пат во Грција сум влегол во 2012 година, поради што тогаш сметаа дека сум опасност по нивната национална безбедност, ми ставија забрана 5 години, оттогаш не сум влегол во Грција, а казната си ја “одлежав”, е сега баш ме интересира која е причината кога јас не ни сум можел да бидам некаква си закана кога физички не сум бил присутен во Грција, а најмногу ме копка дали и понатаму нашите институции ќе премолчуваат ваквки основни прекршувања на човековите права?!?

3 August 2018 ·
Денес во конзулатот ми дадоа “совет” како не треба. Имено, ми беше кажано преку пример, дека: “кога јас ќе дојдам кај тебе дома и и’ кажам на жена ти дека куќата ви е нечиста и дека манџата не е убава, така не бива” (…) Или со други зборови ти доаѓаш во мојата земја и со тоа што работиш и пишуваш ја вреѓаш истата, но јас во случајов изгледа од надвор, од преку улица ја “вреѓам”.

Нејсе, во 21 век во една европска држава те казнуваат за ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ затоа што таа за таков го смета, одлика на едно минато време, на еден комунистички систем. Држава која во 21 век ја гуши слободната идеја и научната мисла!!!

24 September 2018 ·
Член 12, точка 4 од Преспанскиот договор вели:
– Страните се убедени дека развојот и јакнењето на непосредните контакти меѓу луѓето се од суштинско значење за развој на пријателството, соработката и добрососедството меѓу Страните и нивните народи.

Тие ќе ги поддржуваат и поттикнуваат таквите контакти и средби меѓу нивните граѓани на сите соодветни нивоа.

Ме интересира од некој правник, дали доколку се ратификува договорот, а мене и понатаму не ме пуштаат да влезам во Грција, ќе се прекрши истиот, бидејќи јас, како основно човеково право, треба да имам контакти и средби со луѓе кои ми се од најпрво до седмо/осмо колено во Грција.

19 hrs ·
Ние, граѓаните од втор ред, за кои македонската држава се прави слепа и глува, игнорирајќи го со години нашиот проблем со забраната за влез во Р. Грција, се прашуваме како ќе ги користиме бенефитите од Преспанскиот договор?

Како, на пример, ќе одиме на најавеното кафе-воз до Солун?

Индиректно ни ветуваа дека кога ќе се реши спорот ќе дојде и нашето прашање на дневен ред.

МНР ќе дојде ли?

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар