Проф. Ристова – Астеруд откри зошто Денко Малески го криел својот докторат

Професорката Каролина Ристова – Астеруд открива зошто нејзиниот колега од Правниот колега Денко Малески кој деновиве стана актуелен со контроверзните тези за заедничкото потекло на Македонскиот и бугарскиот народ, го крие од јавноста неговиот докторат со кој станал професор на правниот факултет.

Професорот Малески докторирал на тема “Корените на американскиот империјализам” поконкретно за
“Марксистичката концепција на американската надворешна политика”.

Ристова-Астеруд прашува зошто во изданието по повод 50 години од Правниот факултет во биографијата на Малески стојат голем број негови трудови, студиски престои, ангажмани на американски универзитети но не и неговото крунски научно дело кое е комунистичко-марксистичка критика на американскиот империјализам од најлевичарски идеолошки позиции.

“Ауууу, види, види ти ова…Многу нешто за “престоите во САД” , демек многу јаки референци имам, а ништо за докторатот на тема “Корените на американскиот империјализам
(марксистичка концепција на американската надворешна политика)”, пишува Ристива Астеруд која се прашува
Зошто ли тоа четиво не е волонтирано како инфо да стои во кратката биографија на Малески.

“Кај речиси сите други е, нели , на што си магистрирал , на што си докторирал. Не сме горди на својот докторат, не го рекламираме? Зошто да не, зошто да не се умислиме за Мак-Чомски- Чомче, кога може и жабата да се умисли за коњ, па да се поткови ? Комплексче – мегакомплексче? Опортунизамче? Кариеризамче? Греб-греб-гребче? Лиж-лиж- лижненце? Химерче? Лицимерче? Чичо Семче да не се налути случајно, нели, страшен империјалист, па да не фрли паричка, да не се искористи за шетање газенце по Америка, па уште на неговата длабока империјалистичка сметка (читај, од џебот на преработениот американски народ и ум, за да им се дава и на вакви)?

А и зошто да не се поживее малце во центарот на “американскиот империјализам”, уште поубаво, претставувајќи непостоечки народ и неговата му јадна земја со такви ? Каква штета што не го објавил докторатот, белким актуелно е, еве јас умирам од љубопитност да ги исчитам гранде-тезите и анализите кои ги содржи”, пишува професорката во својот препознатлив стил забележувајќи дека својот докторат Малески не го пишувал на млади години и прашувајќи дали на темата американски империјализам го советува и актуелниот советник Стево Пендаровски.

“Како да им бидеме петта колона на Амери, еве, на пример, во НАТО – хе,хе,хе, ќе ги рушиме тоа американските империјалисти одвнатре, со вовлекување во …., така некако?

Да ви нацртам кои други имаат и практикуваат таков пристап, и кон САД, и кон цел Запад, а за Европа ич муабет да не правиме, прва е на листата?

Во конкретниов случај, прво вежбај матрица на Правен, па на Македонија, па може да растат тоа гранде-амбициите, зошто да не и на “империјалистичката САД”? Ма следи ја само матрицата, и гајле да си немаш.

Како беше онаа, Македонија и се’ е можно, ооо Македонијо, земјо чудесна! Куку леле, јадни ние, појадни само Америте од нас со вакви партнери како нас”, забележува Ристова – Астеруд анализирајќи го однесувањето на професорот Малески кој од очигледни причини од пошироката јавност но и од своите колеги и од пошироката јавност го крие своето антиамериканско и марксистичко научно дело преку кое станал професор на правниот факултет а потоа направи и дипломатска кариера.

SHARE