Проф. Шасивари контра Пендаровски за 10 дена од конституирано собрание

Професорот Јетон Шасивари во колумна за плусинфо.мк тврди дека екс спикерот на Собранието Талат Џафери е во право кога вели дека се уште не започнал рокот од 10 дена по конституирање на Собранието во кој претседателот Пендаровски треба да го даде мандатот на идниот премиер.

Шасивари смета дека на Собранието се уште му фалат две фази за да се смета за конституирано по што Пендаровски може да ги брои десетте дена.

“Во ваква ситуација, би било интересно но повеќе апсурдно, доколку Претседателот на Републиката ќе постапи во брзање според толкувањето дека веќе започнал да тече уставниот рок од 10 дена за доверба на мандатот за формирање на Влада затоа што Деловникот на Собранието во делот за избор на Влада, во одредбата од член 110 пропишува дека, Претседателот на Собранието (кој не постои!) во рок од три дена од денот на приемот на известувањето од Претседателот на Републиката ги известува пратениците за кандидатот за Претседател на Владата (мандатор)”, пишува Шасивари.

Целажиот текст на овој ЛИНК

SHARE