Проф. Силјановска: Не сум размислувала за претседател, консензуален кандидат бира народот а не политичарите

Никогаш не сум размислувала, одговори професорката Гордана Силјановска Давкова на прашањето дали се гледа себеси во таа улога и дали ќе се кандидира за претседател на Република Македонија.

Нејзиното име деновиве се спомнува во медиумите како независен кандидат кој би бил поддржан од опозицијата.

“Никогаш не сум размислувала за тоа, слушам и јас, но не можам да одговорам во моментов на нешто што е шпекулација”, изјави професорката Силјановска- Давкова во емисијата Отворено на Алфа ТВ со Искра Коровешовска.

За неа идејата за консензуален кандидат за претседател каква што реално ја подготвува владејачкото партнерство е апсурдна.

“Не постои консензуален кандидат, тоа е глупост, се знае дека може да го предложат 30 пратеници или 10 илјади граѓани, а, инаку, консензуален претседател е оној што си добива најмногу гласови од граѓаните, оти овој народ има право директно да бира претседател и градоначалник, а не да им се остави тоа право на пратениците”, нагласува универзитетската професорка.

SHARE

1 Коментар

  1. ЈАС ПРОФ. Д-Р ИГОР ЈАНЕВ ГО ПОВИКУВАМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Ѓ. ИВАНОВ НА 9. ЈАНУАРИ 2019. ДА ЗАСТАНЕ И СЕ ПРИДРУЖИ НА СВОЈОТ НАРОД!

Оставете Коментар