Проф. Силјановска: Веројатно Фрчкоски замислува дека води дијалог со мене

Најверојатно се работи за ИЗМИСЛЕН/ЗАМИСЛЕН дијалог меѓу ЉУБОМИР Данаилов – Фрчковски и ГОРДАНА Силјановска- Давкова ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, одговара професорката Силјановска на прашањето за коментар во врска со изјавата на Фрчкоски дека водел дебата за Преспанскиот договор со неа и со професорката Тања Каракамишева.

„Можеби проф. Фрчковски имал желба јавно да ги соочиме ставовите за Преспанскиот договор. Можеби колегата Љубомир посакувал на факултет да поразговараме за Преспанскиот договор. Ама, ОБАЈЦАТА ЗНАЕМЕ дека ниту насловот на договорот не сме го споменале еден пред друг, а камоли да размениме мисли за него еден со друг .

Не знам што да речам за неговата изјава дека повеќепати зборувал со мене за Преспанскиот договор и дека имал впечаток дека говориме за различни договори!!! Во прашање е СОЦИЈАЛНА, односно МЕДИУМСКА ФАНТАСТИКА, испирирана од
античката драма, насочена кон ХОРУСОТ!“, вели професорката која што смета дека договорот е противуставен и не смее да стапи во сила затоа што ги крши и домашните и меѓународните закони и принципи.

„Веројатно, врз основа на чуеното и прочитаното од мене за Преспанскиот договор,конструирал СИМУЛАЦИЈА на дијалог, во духот на правното клиничко образование, а потем, ЗАМИСЛЕНОТО/ВИРТУЕЛНОТО го соопштил како „РЕАЛЕН“ разговор!! Живо сум заинтересирана КОГА И КАДЕ сме разговарале за Преспанскиот договор“, прашува професорката Гордана Силјановска – Давкова изненадена од изјавата на Фрчкоски дека со неа водел дебата за името и договорот од Преспа.

Поводот за прашањето до професорката Силјановска кога и каде водела дебата со Фрчкоски на тема Преспанскиот договор во следниот напис:

Фрчкоски тврди дека се расправал со Силјановска и Каракамишева за името