Професор Андревски од Канада: Оставка од Владата, експертска влада две години, па избори

Гоце Андревски, редовен професор по стратегија на Бизнис школата при Краличиниот универзитет од Кингстон, Канада, со терапија за рекетарската метастаза врз македонскиот организам.

„Има ли кај некого сè уште сомнеж дека Заев и Шекеринска не знаеле за ова рекетирање?

Има ли сомнеж дека другите обвинители во СЈО не знаеле дека Катица и Боки се пазареле со обвиненијата?

Има ли сомнеж дека жртви на сличен рекет и уцени не биле многу други јавни личности за да не се спротивставуваат на оние будалаштини со промените на уставното име и македонската историја?

Има ли сомнеж дека вакви неморални политичари алчни за богатство не го продадоа достоинството на македонскиот народ?

Затоа, македонскиот народ мора итно да побара:
• оставка на целата влада, 
• формирање на експертска влада во преоден период од две години
• и тогаш организирање на нови избори.

Целиот општествен систем мора да се ресетира!“, напиша Андревски на Фејсбук.

SHARE