Професор од УГД од Штип избран за амбасадор на најдобрите наставници во Ex-Yu

Професорот Кирил Барбареев од Универзитетот Гоце Делчев е избран за амбасадор на најдобрите наставници од поранешните југословенски простори.

Ова признание го доделува асоцијацијата АНЕКСЈУ формирана од образовни лидери во која се здружени наставници ентузијасти од сите земји на поранешна Југославија.

Во образложението за наградата меѓу другото се вели дека професорот Барбареев е член на европски и светски асоцијации на наставници и образовни институции, добитник на Драгомановиот медал за европска комуникација, односно награда за чест која се доделува како благодарност за придонес на на академската заедница.

Професорот Барбареев смета дека наставата е највисок облик на уметност а добар учител е оној кој ќе го допре срцето на ученикот, пишува во белешката за амбасадорот на наставниците.

http://najboljinastavnici-ex-yu.weebly.com/ambasadori.html

SHARE