Промената на името пред СБ на ОН!?

Руската федерација смета дека прашањето на промената на името на Република Македонија треба да се најде пред Советот за безбеднст на ОН.

Позицијата на Руската Федерација за проблемот со македонското државно име останува непроменета: одржливо решение мора да се најде без надворешен притисок и наметнати  услови од надвор, со потпирање на широка јавна поддршка – и во Република Македонија и во Грција – и исклучиво во рамките на правната област, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи..

„Претпоставуваме дека ова прашање треба да го разгледа Советот за безбедност на ОН во согласност со став 3 од резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН„ се вели во соопштението, но не се наведува ни кој би ја покренал процедурата и кога би се случило тоа.